Утре е Велика Сабота – никако не заборавајте да ги направите овие работи

|

На Велика Сабота православните верници ги прават последните подготовки пред прославување на најголемиот христијански празник – Велигден.

Во текот на Велика (Страстна) Сабота, многу почесто порано, во храмовите обично се осветувала велигденската храна, како јајца, колачи.

Малку пред полноќ се служи полноќната литургија на која Покровот се внесува во олтарот и се полага на престолот. Велигденската Голема или Утринска е свечена литургија посветена на Христовото воскресение и започнува обично на полноќ.

Велика сабота е и ден на исчекувањето. Вечерва се оди во црква каде што секој носи црвено јајце. На полноќ сите присутни со песната „Христос воскресе” трипати ја обиколуваат црквата. Во црквата се останува за Големата литургија, а потоа се причестуваат, се кршат со јајцата и се омрсуваат.

Празникот на Христовото воскресение Велигден е празник на љубовта и мирот. За христијаните, Велигден е триумф на животот и доброто над злото, ден кога Исус Христос воск*еснал и ја докажал Божествената моќ.

На Велигден, верниците си подаруваат едни со други рака на помирување, со традиционалниот поздрав „Христос воскресе” и „Ваистина воскресе“.