Утре и задутре е Задушница: Овој грев го прават сите, но немојте и вие

|

Православните христијани во петок и сабота ја празнуваат Задушница, а следниот ден Духовден. Празникот Задушница се одбележува во чест на душите на оние кои го напуштиле овој свет.

На Задушница се сеќаваме на блиските лица кои си заминале, ги посетуваме нивните вечни почивалишта и палиме свеќи за покој на душата. Тоа е ден посветен на молитивите за овие роднини и пријатели.

На овој ден се посетуваат вечните почивалишта каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за заминатите. На Задушница верните даваат милостина на сиромашните во име на оние кои не напштилд и се молат за покој на нивните души.

На Задушница во црквите се служи парастос на кој свештеникот со вино прелива пченица, а после службата се оди на вечните почивалишта на блиските, каде се пали свеќа и се чита молтива. Кој не може да отиде таму, тој пали свеќа во црква.

На Задушница се изнесува и храна на вечните почивалишта. Таа храна се дели со луѓето кои ги посетуваат почивалиштата, со спомнување за спас на душата на заминатиот.

Обичај е на гробишта да се носи онолку свеќи колку што почивалишта се посетуваат.

Доколку таму некој му пријде од страна и се понуди да земе храна, иако е туѓинец, на овој ден никако не се одбива. Се верува дека е голем грев ако на Задушница некој на почивалиштето одбие да земе храна или пак избрка туѓинец од местото.