Утре и задутре не возете на овој потег- ќе има пренасочување и за автобусите

ИЗВОРСкопје24
|

На мостот „Гоце Делчев“ утре и задутре ќе биде воведен привремен сообраќен режим поради изведување комплексни градежни активности.

– Поради изведување градежни активности за реконструкција на дилатационите фуги на мостот, во сабота во периодот од 5 часот изутрина до 17 часот попладне ќе биде целосно затворена за сообраќај страната на мостот во правец од ТЦ „Мавровка“ кон Влада (исток-запад). Во недела поради изведување на истиот градежен зафат на мостот во периодот од 5 часот изутрина до 17 часот попладне, ќе биде целосно затворена за сообраќај страната на мостот во правец од Влада кон ТЦ „Мавровка“ (запад- исток), се вели во соопштението од Град Скопје.

За време на привремениот сообраќаен режим ќе има пренасочување на сите автобуски линии кои поминуваат на овој потег.

Град Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да се придржуваат до времено поставениот режим на сообраќај. Ги замолуваат сите учесници во сообраќајот за трпение и разбирање поради можното отежнато одвивање на сообраќајот во овој дел на градот.