Утре времето ќе биде нестабилно, во попладневните часови со локален пороен дожд, засилен ветер, грмежи и услови за појава на град.
Додека пак во петок и за време на викендот ќе преовладува претежно сончево и потопло време.
Утринските температури на некои места ќе се спуштат и до минус еден степен.
И метеорологот Славчо Попоски излезе со своја метео анализа за наредните неколку дена, еве што порача тој:
Според најновите анализи кој само што ги направивме укажуваат на тоа дека во текот на следната недела нашата територија ќе биде зафатена од поизразено јужно воздушно струење кое ќе услови од северните предели на Африка кон нашата држава да продре значително потопол воздух. Сепак што се однесува до временската состојба целосна стабилизација на атмосферата не треба да очекуваме и во текот на следната недела.
Температурите на воздухот пак ќе бележат тенденција на значителен пораст и насекаде се очекува да го надминат 20тиот степен додека пак во најтоплите предели од државава очекуваме температури дури и до близу 30 степени. Ќе започне да дува и јужен ветер кој ќе засилува на интензитет.
Нови и обновени информации очекувајте овие денови кога навремено ќе ве информираме околу секоја ново настаната временска систуација.