Утре без струја повеќе делови од Скопје

|

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека на ден 12.07.2022 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:

– во периодот од 08.30 до 12.0 часот, корисниците од ул.2, позади Кувајт Петрол ( општина Студеничани )

– во периодот од 08.30 до 12.00 часот, дел од ул.Гаврил Константиновиќ, во потегот од пералните до ресторан Рагуза (општина Аеродром)

– во периодот од 08.35 до 14.00 часот, дел од корисниците од ЈахјаКемал, Факултет за туризам, бизнис и логистика УГД, Електро машински училишен центар, Гостилница Полигон, Електро Микица и сите продавници во негова близина, АСУЦ, Студентскиот дом Томе Стефановски (општина Гази Баба).