Според последните информации утре попладне ќе се реализира нова средба помеѓу лидерот на СДСМ во оставка, премиерот Зоран Заев и првиот човек на Алтернатива, Африм Гаши.
Ова е втора средба поврзана со преговорите и се очекува да се разговара околу можните кадровски понуди, како и да се прецизираат програмските приоритети на кои Алтернава инсистира со цел да се најдат во евентуалната идна владина програма.
Како што веќе објави ТВ24, Гаши очекува две министерски места, како и директорски места, дел и од оние со кои раководи ДУИ.
Според неофицијалните информации, министерските места ќе се бараат во труд и социјала, здравство, култура, земјоделство и образование.
Средбата доаѓа откако Гаши во петокот доби зелено светло од сопартијците да ги продолжи преговорите со Заев.