Утре поголем дел од Скопје без струја

|

Утре, четврток, делови од општините Карпош, Бутел, Кисела Вода, Ѓорче Петров и Илинден ќе останат без струја поради планирани техннички зафати во дистрибутивниот систем за електрична енергија, известуваат од ЕВН Македонија АД.

Во известувањето на ЕВН Македонија АД се наведуа дека на ден 07.07.2022 година , четврток, од утринските часови до пладне ќе има прекин на електричната енергија. Од истиот ќе биде зафатена и индустриската зона Визбегово. Прекинот на струја ќе биде на следните локации и во следното време:

од 08:00- 14:00 часот корисниците на дел од ул. Рилски Конгрес, дел од ул Кратовска, дел од ул. Банско. (општина Кисела Вода)

од 08:00 – 12:00 часот корисниците од ул. 1550, индустриска зона Визбегово, поточно фирмите Астекс Графика, Виа Шпед и Инфосет. (општина Бутел)

од 08:00- 15:00 часот корисниците на ул. 1515, Пинтија. (општина Кисела Вода)

од 08:00- 14:00 часот дел од корисниците од с. Ново Село позади бензинската Петрол Оил.(општина Ѓорче Петров)

од 05:50- 14:00 часот корисниците од сите помали фирми и објекти во околината на Сатра, ул. 6, Сава станица, Фарма Трејд, Ники Инвест, Ман Импортер, ул. 4, Илинден, ул.2.(општина Илинден)

од 09:00- 15:00 часот дел од корисниците дел од с. Кучково.(општина Ѓорче Петров

од 09:30- 14:30 часот дел од корисниците од ул. Будимпештанска.(општина Карпош)