Утре пола Скопје без струја

ИЗВОРСкопје24
|

Заради планирани технички зафати во дистрибутивната електро-мрежа утре без електрична енергија ќе останат делови од општините Центар, Аеродром, Ѓорче Петров и Кисела Вода.

Во периодот од 09 до 12 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од ул. „Скупи“ 3 А (позади Олимпико, општина Центар, во периодот од 11.30 до 13.30 часот корисниците од ул. „Ѓорги Капчев“ подулица 1, општина Аеродром, а во периодот од 09 до 14 часот корисниците од дел од улица „ 52“ во Стопански Двор, општина Ѓорче Петров.

Прекин во снабдувањето со електрична енергија од 13.30 до 15.30 часот ќе имат корисниците од улицата „Првомајска„ подулица 18, во општина Кисела Вода, а од 08.30 до 11.30 часот корисниците од дел од ул. „Тодор Чангов“ подулица 52 во општина Аеродром.