|
До сабота ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен претежно јужен ветер, информира УХМР.
Топло ќе биде во петок и во сабота, а утре попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.
Во недела ќе настапи поголема промена кога под влијание на влажен бран се очекува на повеќе места да биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер од јужен правец.