|
УХМР најавува дека утре попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималните утрински температури ќе се движат од 3 до 8 степени, а максималните дневни од 16 до 27.
Следните денови ќе преовладува сончево и топло време, во попладневните часови со ретка појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.
Понестабилно време се очекува во сабота.