Македонската православна црква и верниците на 4 декември го слават Воведението на Пресвета Богородица. Воведот, или како што се нарекува и Света Пречиста или Дева Марија, во православниот календар е означен со црвена буква. Тој е еден од 12-те најголеми христијански празници. Се празнува како спомен на денот кога Богородица за прв пат била воведена во Божјиот храм, придружувана од нејзините родители Јоаким и Ана.
Според ветувањето дека детето што Господ ќе им го даде ќе му биде посветено на служба, светите Јоаким и Ана ја доведоа тригодишната Марија во храмот во Ерусалим. Во свечената поворка Марија прошетала меѓу мајка ѝ и татко ѝ, а зад нив се движеле многу роднини и пријатели.
На влезот во храмот Марија ја пречека првосвештеникот Захарија, таткото на свети Јован Крстител и ја одведе во светилиштето, каде што беше до својата 12-та година.
По заминувањето на нејзините родители, Дева Марија му била дадена на Јосиф, нејзиниот братучед од Назарет. Во куќата на Јосиф, Богородица Марија го примила евангелието од архангел Гаврил дека ќе го роди Синот Божји.
Воведот е еден од петте најголеми празници посветени на Пресвета Богородица и Крштението.
Народни верувања и обичаи
Богородица се смета за заштитничка на жените и мајките, а различни народни верувања се поврзани со моќта на иконите на кои таа е претставена.
Жените кои немаат деца треба да појдат во манастир посветен на Богородица, а оние кои имаат деца и оставаат дар на иконата на Дева Марија. Она што е многу битно – треба од срце да се помолите пред самата икона на светицата и да и кажете што точно ве мачи. Постот е задолжителен на овој ден бидејќи Воведот паѓа за време на големиот Божиќен пост.