Утре сончево и многу топло, за време на викендот можна појава на пороен дожд и грмежи

ИЗВОРНов Лист
|

Времето денес сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 23 до 29 степени. УВ=8
Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Сончево и топло со мала облачност.
T= 29 °C, P= 986 hPa, U= 32 %, V= 2 m/s.
(Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер)

Утре не очекува сончево и потопло со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот ќе има појава на краткотрајна нестабилност претежно во југозападните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. УВ=8

Утре ќе се задржи сончево и доста топло со краткотрајна нестабилност кон крајот на денот во југозападните делови. За време на викендот во попладневните часови облачноста ќе се зголеми и на повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи. Особено нестабилно ќе биде во сабота кога процесите локално ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е и појава на град.