Утре ветровито и значително посвежо време со температури до 30 степени

|

Времето во утринските часови утре ќе биде променливо облачно, во западните делови со локален дожд.

Преку денот насекаде ќе биде сончево со мала до умерена облачност, ветровито и значително посвежо, информираат од УХМР.

Ќе дува засилен ветер од северозападен правец, особено изразен долж Повардарието и во источните делови (на повеќе места со брзина над 60 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне 28 степени.