Утре започнува моќната млада Месечина во знакот Овен- еве што ќе ни донесе

ИЗВОРСкопје24
|

Хороскопот ги открива тајните планови на моќната млада Месечина во знакот Овен – нејзината енергија отвора нови врати на новиот животен циклус.

Во петок, 5 април во 10:50 минути започнува новата Месечина во знакот Овен. Додека онаа претходната, во Риби ни донесе симболично завршување, оваа носи нови почетоци.

Отвораме ново поглавје во животот, поставуваме нови цели, ги потврдуваме сопствените потреби.

Затоа, важно е да почнеме од себе. Да почувствуваме, да се разбереме, да ги сфатиме своите потреби. Проценете го односот кој го имате кон себеси. Што ви пречи, можете ли тоа да го прифатите? Никој не е совршен, луѓе сме. Сите имаме некакви недостатоци, прашањето е само дали можеме да ги прифатиме. На тој начин, си даваме голема сила себеси.

Енергијата од оваа млада Месечина е насочена кон зајакнување, сопствена самодоверба, храброст и подготвеност да тргнеме напред. Со оглед на тоа дека Овенот е првиот знак во хороскопот, направете го првиот чекор, бидете победникот кој не се плаши од авантури. Ако погрешите, тоа ќе биде моќна порака.