Почетокот на април ќе го дочекаме со млада Месечина во знакот Овен, а ова месечина на сите им нуди моќна можност да го изразат своето вистинско јас. Тоа може да значи дека конечно ќе ѝ покажеме на околината кои сме навистина, а може да значи и дека на прво место ќе ги ставиме нашите потреби или дека ќе започнеме проект кој вистински не исполнува.
Астролозите тврдат дека оваа млада Месечина е совршено време да направиме добар план за иднината и да почнеме да преземаме одредени чекори во однос на исполнувањето на нашите соништа.
Очекувано, оваа лунарна фаза ќе влијае на сите знаци на Зодијакот, но некои повеќе од другите. Па, да видиме кои четири знаци особено ќе го почувствуваат влијанието на младата месечина.
ОВЕН
Ова е голем и важен период за вас. Сè или ништо ве чека! Вооружете се со самодоверба и ентузијазам додека се отвораат важни поглавја во вашиот живот. Постојат сите шанси животот да ви стане подобар и поисполнет и да дојдат награди за целиот труд што сте го вложиле во претходниот период.
РАК
Овој период особено добро ќе влијае на вашата кариера. Можно е да добиете можност да го правите она што отсекогаш сте го сакале или барем да ви се отвори некоја врата која води до тоа. Ќе бидете охрабрени да ги повлечете победничките потези. Подготвени сте да го земете она што ви припаѓа, а се чини дека другите луѓе ќе сфатат дека заслужувате повеќе.
ВАГА
Ова е периодот кога би можеле да запознаете личност со која би можеле да започнете врска. Од друга страна, ако веќе сте во врска, очекувајте ново ниво на љубов, хармонија и посветеност. Ова се денови кога треба да работите на вашите романтични врски, а имајте на ум дека заслужувате лојалност.
ЈАРЕЦ
Оваа млада Месечина ќе ја излечи вашата четврта куќа – куќата на домот и семејството, па можете да го очекувате цветањето на љубовта и сите односи со блиските луѓе. Ова е добро време да го реновирате просторот во кој живеете или барем да го уредите како што ви одговара. Врската со партнерот конечно ќе биде ослободена од дистанца и обоена со искреност.