Утре посебен сообраќаен режим во Скопје

|

За утре, среда (18 мај), најавена е официјална посета на српската премиерка Ана Брнабиќ на Република Северна Македонија.

Од тие причини од МВР информираат дека сообраќајната полиција ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје.

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници.