Вечерва после полноќ, во 3 часот и 3 минути, доаѓа важен астролошки настан – есенска рамноденица (23 септември) која ќе се одвива во комбинација со почетокот на периодот на Вага и дури 6 ретроградни планети.
Енергијата почнува да се движи во нов правец и ќе нѐ поттикне на промена раст и развој. Во минатото рамноденицата, или еквинокс, претставувала граница помеѓу физичкиот и духовниот свет. Природата почнува да се одмора, опушта и препушта.
Можеби за тоа време и самите ќе сфатиме дека ова е вистинскиот период за да се опуштиме и да испуштиме сѐ што повеќе не ни треба. Можеби ќе видиме што ни е најважно и каде сакаме да ја вложиме енергијата и да ги насочиме своите намери.
Сезоната на Вага нè поттикнува да се фокусираме на односите
Септемвриската рамноденица го носи и почетокот на периодот на Вага – знак кој е силно поврзан со потрагата за нашата внатрешна рамнотежа. Енергијата на Вагата ќе ја осетиме главно во односите, кои често се наши најголеми учители. Ни помагаат да растеме и да разбереме кои всушност сме. Периодот на Вага е одлично време да се посветите на односите и да размислите како тие влијаат на вашата внатрешна хармонија.
Дали ви се допаѓа какви сте во близина на одредени луѓе? Кои односи го вадат најдоброто од вас? Кои ве поттикнуваат на напредок? Кои односи се еднострани?
Ретроградниот Меркур исфрла на површина сѐ што досега било скриено
На рамноденицата имаме и 6 ретроградни планети, што нѐ поттикнува да се наполниме со енергија и да размислиме каде во иднина сакаме да ја вложиме својата енергија. На денот на рамноденицата, ретроградниот Меркур ќе се порамни со Сонцето, ќе донесе уште поголемо осветлување и двојна јасност. Оваа интензивна енергија ќе исфрли на површина сѐ што досега било скриено од погледите.
Ако сакате нешто да разјасните во својот живот или барате одговори, поставете си намера и останете отворени за знаците, пораките и инспирациите кои ќе ги добиете на денот на рамноденицата.
Есенската рамноденица секако носи посебна енергија која поттикнува на промени. Поврзете се со своето внатрешно ЈАС, следете ја својата интуиција и верувајте им на своите чувства – така ќе имате сѐ што ви е потребно.