Утринава -13: Каде беше најладно, а каде има најмногу снег

|

Утрово во Берово се измерени минус 13 сетепени, што беше најниската температура во државава. Во Крива Паланка, Маврово и на Попова Шапка се измерени -11 степени, во Скопје, Битола и Дебар -10, во Штип, Демир Капија и Крушево -9, Куманово, Тетово, Прилеп и Струмица -8, Охрид -6, Гевгелија -5 и во Дојран -2.

Највисока снежна покривка има на Попова Шапка 43 сантиметри, во Маврово е 38, а во Крушево осум, информира УХМР.

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност, максималните температури ќе бидат меѓу 2 до 9 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и со слаб јужен ветер. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.