Утринава најстудено со -12 степени беше во Маврови Анови, -7 Битола, -6 Охрид, -5 Кр.Паланка, Дебар, Попова Шапка, -4 Крушево, -3 Тетово, Берово, Претор, -2 Прилеп, Струмица, -1 Виница, 1 Скопје Петровец, 2 Скопје-З.Рид, Куманово, Штип, 3 Д.Капија, Дојран, 5 Гевгелија.
До 7 часот висината на снежната покривна е 47 см во Маврови Анови, 25 Попова Шапка, 23 Пожаране, 22 Крушево, 13 Битола, 9 Ѓуриште, 5 Охрид, 3 Берово.
Во првата половина од ноќта преовладуваше малку до умерено облачно време, а изутринава е умерено до значително облачно. Дуваше слаб, а вдолж Повардарието умерен ветер од северозападен правец.
Времето денеска умерено до значително облачно. Попладне во западните делови, а до крајот на денот насекаде облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието умерен до засилен ветер од северозападен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 13 степени. Во Битола до 8 степени.