|
Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтер го погоди брегот на грчкиот остров Крит, на 89 километри од Ираклион, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Претходно беше соопштено дека земјотресот бил со јачина од 5,9 степени, но подоцна центарот ја зголеми вредноста на 6,1.
Земјотресот е регистриран во 05.08 часот по средноевропско време. Епицентарот на земјотресот бил лоциран на 75 километри јужно од главниот град на островот Ираклион на длабочина од 67 километри.
Засега нема информации за човечка или причинета материјална штета.