Утрово нов пожар избувнал кај „Треска“ – Веднаш бил локализиран

|

Нов пожар рано утринава избувнал во објектите на поранешна „Треска“. Пожарникарите кои останале во текот на ноќта на лице место, рано утринава забележале дека има нови пламени. Интервенирано е веднаш и пожарот е локализиран.

Неофицијално, опожарени биле објекти кои не биле зафатени од вчерашниот пожар.

На лице место го затекнавме командирот на протипожарната бригада, Ѕвонко Томевски кој потврди дека новиот пожар е локализиран. На терен интервенирале со четири противпожарни возила, нема пов редени.

Вчера околу 14 часот избувна голем пожар во кругот на поранешната фабрика „Треска“. Опожарени беа поголем број објекти. Два часа со пламените јазици се бореа 55 пожарникари.

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска по локализирање на пожарот изјави дека првичните согледувања укажуваат на тоа дека пожарот бил подметнат. Апелираше надлежните институции во најкусо време да ја утврдат причината за избувнувањето на пожарот и доколку се потврди дека е подметнат, виновниците да се пронајдат и соодветно санкционираат.