Утрово регистриран земјотрес во Грција

|

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтер, во 6 часот утрово е регистриран во Грција.

Според Националната опсерваторија, епицентарот бил во морскиот дел во Коринтскиот залив, 50 километри северозападно од Атина, на длабочина од 7 километри.