Два земјотреси регистрирани се утрово во Охридско струшкиот регион.
Како што јавуваат медиумите епицентарот на двата земјотреси е во Охридското Езеро.
Првиот земјотрес е почувствуван во 2часот и 10 минути на 4 километри од Охрид, а вториот земјотрес на 9 километри од с. Мислешево – Струшко.
Земјотресот беше со магнитуда од 2,5 степени. Вториот земјотрес беше со јачина од 2 степени јужно од Струга, исто така со епицентар во Охридското Езеро.
Во светот постојат повеќе видови на земјотреси, меѓу кои најчести (90% од случаевите) се т.н. тектонски потреси, коишто воедно се и најсилни и најразрушувачки.
Наречени се тектонски бидејќи настануваат при движењето и допирот на тектонските плочи. Постојат уште и вулкански земјотреси (7% од случаевите), коишто се послаби и настануваат при ерупција на вулкан, и земјотреси коишто настануваат при пропаѓање на земјиштето, т.н. одронски земјотреси (3% од случаевите).
Земјотресот со случува во внатрешноста на Земјата и тоа место се нарекува жариште.
Точката во внатрешноста на Земјата каде што настанува земјотресот се нарекува хипоцентар, а местото на површината на Земјата каде тој најсилно се чувствува е епицентар. Од епицентарот, трусните бранови продолжуваат да се движат во концентрични кругови, но со послаб интензитет.
Според длабочината, хипоцентарот може да биде плиток (до 70 km длабочина), среден (од 70-300 km длабочина) и длабок (300-730 km длабочина).