Утрово се разбудивме со -17 – Каде се измерени најниски температури во Македонија?

|

Најстудено утрово е во Берово со -17 степени и во Маврови Анови каде што се измерени -16. Во Крива Паланка е -14, во Битола и Тетово -13, во Струмица и Крушево -11, во Прилеп, Охрид, Претор, Штип, Демир Капија -10. Девет степени под нулата се измерени во Скопје и Виница, -5 во Куманово, -4 во Дојран и -2 во Гевгелија.

Најмногу снег има во Маврово 39 сантиметри, на Попова Шапка 31 и во Крушево 13, соопшти УХМР.

Времето денеска во западните делови ќе биде сончево, а во останатите умерено до значително облачно време и студено. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието попладне повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од -2 до 7 степени.

Во Скопје умерено до значително облачно и студено со слаб до умерен, попладне повремено засилен северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне 3 степени.

Во следните два дена ќе се задржи стабилно и суво време со пораст на утринските и дневните температури. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, особено изразен в сабота. В петок кон крајот на денот и во деновите од викендот ќе има повремени слаби локални врнежи од снег.