Надвор е ужасно топло како што веќе беше најавено, а Македонија е во портокалова фаза.
Таквото време ќе се задржи до наредната среда.
Ова се температурите низ Македонија во 16. часот. Според прогнозата на Accuwather невреме има во Штип, но и таму е пеколно топло.
Нашата територија е и ќе остане под влијание на МНОГУ ТОПОЛ БРАН кој продира од југ и истиот понатаму ќе условува понатамошен пораст на температурите а времето ќе биде стабилно, суво и сончево.
Максималните дневни температури понатаму ќе се искачуваат во интервалот од 34 до 42 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има ОПАСНА вредност и ќе изнесува 9 па така на граѓаните им препорачуваме да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ, сувото и сончево време ќе услови зголемена опасност за појава на ПОЖАРИ, информира метеорологот Славчо Попоски.