Ужива во друштво на синовите – Тајчи повторно дома после толку години (ФОТО)

ИЗВОРНов Лист
|

Татјана Камерун, на сите познат како Тајчи, стана позната благодарение на хитовите како „Hajde da ludujemo ove noći”, “Moj mali je opasan”, “Ti nemaš prava na mene”. Ја претставуваше Југославија и на Евровизија во 1990 година со најголемиот хит “Hajde da ludujemo”, а со тогашниот младешки дух и шарм неодоливо потсетуваше на Мерилин Монро.

Сепак, Тајчи се повлече од музичката сцена и се пресели во Америка за нејзиното образование. Таму ја запознала љубовта на својот живот – пијанистот и композитор Метју Камерун, но нејзиниот сопруг за жал го изгубила пред три години.

Таа моментално живее во Америка со трите сина, а минатата година напиша автобиографија.

Тајчи се уште се занимава со музика, а пред неколку месеци го заврши своето образование како животен тренер во „Чопра центарот“. Нејзините синови веќе пораснаа и полека се подготвуваат да го живеат својот живот: Данте започнува да работи во својата професија, Еван учи, Блез завршува средно училиште.

Но, дотогаш ќе се забавува со мајка му на Јадранот.  Таа неодамна пристигна на одмор во Хрватска, а на аеродромот во Загреб некогаш популарната пејачка ја пречека нејзината мајка Штефица. Mоментално се стационирани во Дубровник.

Медиумите пренесуваат дека познатата пејачка со денови одмара на хрватското приморје заедно со своите синови и со задоволство споделува слики на Инстаграм.