Ужива со синчето – Новогодишна бајка во домот на пејачката Туна (ГАЛЕРИЈА)

ИЗВОРСкопје24
|

Пејачката Туна Сејдиу веќе извесен период ужива во мајчинството и потполно му се посвети на своето синче, па веројатно како и секоја мајка и таа ќе направи се за тој да биде среќен. Кога се новогодишните празници во прашање, за децата секако најголема радост е украсувањето на новогодишната елка и домот со многу светилки, дедомразовци, лампиони и секако подароци.

Туна во тој поглед направила се. Домот прекрасно го украсила, па поради тоа направи и фотосесија со која на фановите сака барем малку да им ја пренесе нејзината семејна новогодишна магија, во која ужива.

Облечена во црвено-бел аутфит со новогодишни мотиви позира седната под прекрасната новогодишна елка и обесените чорапчиња на каминот. На дел од фотографиите пејачката позира и со својот син, малиот Тиан кој е облечен во црвено.

View this post on Instagram

❤️

A post shared by TUNA (@tunasejdi) on

Инаку, Туна заедно со сопругот живее на релација Приштина – Скопје, а пред неколку месеци промовираше и ново видео и песна на албански јазик кои поминаа одлично.