Секој работен ден имаме прилика да го гледаме кулинарското шоу „Брза кујна“, каде шеф Никола и шеф Марк заедно со натпреварувачите подготвуваат разни специјалитети од намирници донесени од натпреварувачите.
Шеф Никола на почетокот на месецот стави потпис во матично и официјално заплива во брачните води.
Тој и неговата сопруга Стефанија својата љубов ја крунисаа со брак, а наскоро нивното семејство ќе добие нов член. Свадбата се одржа во Скопје во друштво на најблиските и најмилите пријатели.
По свадбата, но и по завршувањето на обврските, парот се упати на меден месец. Имено, тие деновиве се наоѓаат во Грција каде одмараат во својот летен одмор, но и во својот прв меден месец,
На „Фејсбук“ се појави заедничка фотографија од парот кој првите брачни денови ги поминува на плажа.
На фотографија шеф Никола седи на плажа, а до него стои и позира и неговата бремена жена во бикини.
Веруваме дека Никола и Стефанија ќе ги наполнат батериите, па ќе се вратат подготвени за нивната нова улога.
За потсетување, неодамна заврши четвртата сезона „Брза кујна“, а следната може да ја очекуваме во септември.
Извор: Вистина.мк