Во Тетово повторно се појави недостиг од вода за пиење, поради намалување на количините од новиот водоснабдителен систем. Според информациите од Јавното комунално претријатие Тетово количината на вода во овој момент е 260 литри во секунда.
-Причината за привременото намалување на нормално водоснабдување е што го стопиравме дотокот од новиот водоснабдителен систем кој носи вода од шарпланинските реки. Дотокот од овој систем го прекинавме поради тоа што сензорите ни покажаа поголемо заматување на еден од двата краци. Со тоа во градот има 100 литри вода во секунда помалку.
Очекуваме за скоро време проблемот да биде надминат, за матноста на водата има соодветни сензори чии параметри ја покажуваат состојбата и тоа дали може да се пушти водата во системот, изјави Љуљзим Шаќири, раководител на работна единица „Водовод“ при ЈКП Тетово.
За да има нормално водоснабдување во Тетово потребни ми се над 300 литри вода во секунда.