Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се кај експерт…
Иако околу некои работи и ситуации сите сме понекогаш неодлучни, следните три знаци го излудуваат луѓето околу себе со својата неодлучност.
Било да станува збор за храна, излегувања или поважни животни одлуки, тие можат со часови да размислуваат додека не одлучат по кој пат ќе тргнат.
Терезија
Најнеодлучна од сите, Терезијата има проблеми со исправен избор. Постојано „мозга“ дури и околу небитни работи, но она што е позитивно е фактот дека е свесна дека неодлучноста е една од нејзините примарни мани.
Близнаци
Освен што се дволични, Близнаците „ги краси“ и особината на неодлучност. Ним секое донесувањето на одлуки им претставува макотрпна работа па се трудат со силе сили да препуштат на некој друг да одлучи наместо нив.
Риби
Кај Рибите најголем проблем претставува нивниот слаб карактер. Иако тие имаат јасна идеја и визија на она што го сакаат, имаат многу нестабилно мислење и став па лесно можат да се доведат до сомнеж. Рибите се често во страв дека не се доволно компетентни да донесат вистинска одлука па поради тоа ја одложуваат конечната одлука.