Вака чистеле снег Словенците пред 53 години, а ние уште го тргаме 50-тина см на страна од местото

ИЗВОРСкопје24
|

Македонија утрово се разбуди под снег. Врнежите почнаа од ноќеска, а денеска нашето подрачје потпадна под влијание на нов и студен влажен бран, кој услови врнежи претежно од снег а во југоисточните делови од дожд и снег. На повеќе места врнежите се обилни.

Граѓаните се видно изреволтирани од состојбата во која се наоѓаат патиштата низ државата, поставуваат фотографии со кои воедно апелираат до надлежните да излезат на терен, но и останатите учесници во сообраќајот да внимаваат при возењето и доколку не мораат воошто и да не се упатуваат до посочените патишта кои се нерасчистени.

Ваква е сликата Плетвар кон Кавадарци, колона од возила, блокиран пат и снег кој ја отежнува ситуацијата.

Службите за чистење снег веројатно не успеале да поминат и кај Скопската обиколница со оглед на тоа што снегот е задржан на коловоз и друг пак дополнително вее.

Скопски Припор вечерва изгледа вака, а граѓаните прашуваат дали воопшто одат автобусите по овие патишта.

И додека сликата од Македонија ја имаме, чистењето на снег во Љубљана пред 53 години било далеку понапредно, се прашуваме ако пред многу години тие го расчитувале снегот на овој начин како ли го расчитуваат сега, 2019 година?

Чистење снег во Љубљана

Вака чистеле снег Словенците пред 53 години – ние уште го тргаме 50-тина см на страна од местото кај што го чистиме и…чекаме. 😀

Gepostet von Taratur.com am Donnerstag, 10. Januar 2019

Зимската служба на Град Скопје инаку соошти дека уште во раните утрински часови фрлила 45 тони сол на црните точки и мостови во градот, а тоа овозможи брзо топење на снегот и проодност по булеварите.

Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно, да не паркираат на улиците и булеварите и да овозможат непрекинато движење на возилата на зимската служба. Потсетуваме дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.“ – велат од градските служби.

(Љ.С)