Вака Хрватите ги чуваат автомобилите од врнежи на град

ИЗВОРСкопје24
|

Откако минатиот викенд група возачи целосно го блокираат автопатот во Ријека со своите автомобили за да ги заштитат од градот и да ги наместат под надвозник, во јавноста се покрена расправа за тоа.

За некои возачи сосема е нормално автомобилите да се заштитат од штетите кои може да настанат и да изнесуваат неколку стотици евра и притоа да го ризикуваат својот и туѓиотживот, но повеќето остро ги осудуваат себичните возачи кои така постапуваат. Може ли запирањето во такви услови некако да се оправда и колку е тоа опасно, одговара експерт.

Autocesta Rijeka-Zagreb – A6 kod skretanja za Crikvenicu. Sebičnjaci su blokirali cijelu autocestu da bi zaštitili svoje…

Gepostet von IstraMet am Sonntag, 7. Juli 2019

Горан Хусинец, судски вештак за сообраќај, забележал исто така дека запирањето под надвозници за време на врнежи на град во последно време „станало модерно“.

Тоа е многу опасно бидејќи возилата кои надоаѓаат, поради намалената видливост и мраз на патиштата можат многу лесно да налетаат на запрените возила и така да предизвикаат верижен судир од огромни размери по интензитет и број на бозила сличен на верижните судири при магла, вели Хусинец.