Периодот на матурите и матурските прослави веќе е започнат, а матурантите за оваа прослава се подготвуваат во специјални изданија.
Некои од нив се подготвуваат со месеци, некои пак на оваа вечер гледат како секоја друга, а некои можеби поради одредени причини не заминуваат на матурската.
Еден од нив е и македонскиот пејач Васил Гавранлиев кој во интервју за „Бекстејџ“ отрки дека не присуствувал на матурската забава.
„Дали ми е криво? Да, но таа вечер бев на настап. Дали би одел? Да“ вели Васил.
Инаку, Васил по аудиција во Торонто, во Кралскиот конзерваториум, добил стипендија и остана таму 9 години.
Вака изгледал Васил како матурант.
За потсетување, Васил беше придружен вокал на Тамара Тодевска на Евровизија.
И Александра Јанева се потсети на својата матурска вечер, па во интервју за „Бекстејџ“ откри како изгледала таа вечер.
„Една многу позитивна и весела атмосфера, многу играње и најмногу изиграни ора во мојот живот“ вели Јанева.
Таа истакна дека била матурантка која не размислувала за таа вечер.
„Се договорив со тетка ми да ми испрати еден фустан.Ми стигна две недели пред матурата и едноставно немаше простор да размислувам дали ќе ми биде добар, дали ќе ми се допадне“ вели Александра.
Пејачката откри дека таа вечер била под дејство на алкохол, нон не била пијана, а дека дома се вратила во раните утрински часови.
За потсетување, оваа година Андријана беше придружен вокал на евровизиската претставничка Тамара Тодевска.