Вака наместо пари ја привлекувате сиромаштијата во вашиот живот: Според Фенг шуи правите голема грешка

ИЗВОРНов лист
|

Фенг шуи е филозофија за уредување на домот која одамна е многу популарна. Сè повеќе луѓе веруваат во енергијата која владее во куќата и убедени се дека има значително влијание на квалитетот на животот и среќата.

Оваа древна кинеска вештина за уредување на домот нè учи како треба да ја уредиме секоја просторија, каде треба да стојат одредени предмети, а каде не, а нè учи и каде да ги чуваме парите за да ни се размножуваат и да ни донесе финансиски просперитет.

Спротивно на сите можни претпоставки, фенг шуи вели дека идеално и единствено дозволено место за чување на парите во куќата е кујната.

Експертите за фенг шуи велат дека оваа просторија има многу позитивна аура, но треба да бидете внимателни со декорацијата во неа.

Имено препорачливо е во близина каде што ги чувате парите во кујната да ставите и некој симбол на пари, како на пример, фигура од слон, но ако претерате со бројни предмети, може да предизвикате контраефект, односно да привлечете сиромаштија наместо пари.

Гледајте сите тегли и кујнски апарати да ви бидат во плакари или во остава – никако по целата кујна, затоа што секој излишен детаљ дополнително ја блокира енергијата на парите.