Вака никогаш не сте спремале доручек, затоа мора да го испробате: Кајгана со сирење и зеленчук која воодушевува

|

Неделата е ден за одмор и уживање! По испиената шолја кафе, сега можете да се опуштите и со мерак да си направите доручек кој ќе го јадете заедно со вашите најсакани. Доколку сакате да направите нешто поразлично, но вкусно и сеуште немате идеја што би било тоа, прочитајте го рецептот во продолжение:

Состојки: 2 јајца, 2 парчиња тост леб, 2 парчиња тост кашкавал, 2 парчиња шунка, 2 парчиња гауда, еден домат и зелена салата.

Подготовка: Прво потребно е да се изматат јајцата. Потоа загрејте ја тавата и ставете кратко да се растопи тост сирењето и прелијте ги со јајцата. После тоа, врз изматените јајца на местата каде што е сирењето ставете кришки леб.

Потоа свртете ги јајцата да се печат од другата страна, па на двете кришки ставете ги шунката, доматот, салатата и сè преклопете во сендвич.