Вака решете го проблемот со влага дома – делува на врати, прозорци, плочки и ѕидови

ИЗВОРНов лист
|

Во зима кога температурите се ниски, може да настане влага која е опасна по здравјето на човекот.

Се создава лош мирис, алергии, а проблемот најдобро е да се реши уште на самиот почеток и да се сосече во корен. Природно, може да се обидете да го решите овој проблемот со сода бикарбона и оцет.

Измешајте ја содата со малку оцет и со прскалка испрскајте ги местата кои се оштетени на прозорците. По неколку минути пребришете со крпа.

Истото може да го употребувате и за мувла во кујната или тоалетот, на плочките, кадата и другите предмети.

Содата е многу евтина, а многу моќна. Речиси и да нема проблем кој не помага да се реши во домаќинството, а особено е долотворна кога станува збор за дамки и мувла.