Вака синот на Цеца лумпуваше до зори: Вељко пееше и танцуваше качен на шанкерска столица среде дискотека (ВИДЕО)

ИЗВОРСкопје24
|

Вељко Ражнатовиќ се потруди во Лозница добро да се забавува. Излезе со друштво, како и со вереницата Богдана Родиќ, па лумпуваше до доцна во ноќта.

Се пееше и пиеше во преполниот диско клуб на звуците на српскиот турбофолк и поп – фолк, а дека има и танцувачки афинитети и квалитети синот на Цеца покажа пред очите на сите присутни.

Иако и пред тоа беше главен во клубот, во еден момент Вељко се качи на шанкерска столица, па запеа и така качен почна да танцува!

Богдана остана на своето место, а танцувачкиот перформанс на својот вереник го проследи само со насмевка.

Видеото погледнете го ТУКА.

Инаку, синот на фолк дивата Цеца Ражнатовиќ при едно гостување во утринска програма каде зборуваше за своите боксерски мечеви откри кој ритуал го прави пред секој меч, а се однесува на неговата свршеница Богдана Родиќ.

-Таа е секогаш тука во првите редови. Таа е член на екипата. Имаме ние и ритуал, она мора да ми ги бакне двете раце пред да ги ставам ракавиците. На секоја од рацете го имам нејзиниот кармин и потоа влегувам во рингот. Тоа е наш некој ритуал, вели Вељко.

Тој при ова гостување раскажа и дека Цеца и Анастасија се уште не биле на ниту еден меч до сега, но и дека неговата сестра ќе дојде на поглавните мечеви кој следуваат следниот период.