Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ, член на жирито на актуелната сезона на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, позираше со учесник на истата шоу програма, Енис Тодиќ, на кој Цеца е ментор.
Енис на социјалните мрежи објави фотографија со Цеца од студиото, и покажа како го поминуваат времето кога не се во просториите каде се снимаат „Ѕвездите на Гранд“.
Со нив беше и продуцентот на споменатата шоу програма Владан Стојковиќ, кој заедно работат на најдоброто можно претставување на Тодиќ во продолжение на натпреварот.
Цеца ја гледаме без шминка, во лежерно издание, онаква каква што никогаш не ја гледаме во јавноста, а судејќи по нивната насмевка и тие уживаат во тоа што го прават.