Необична ситуација се случила во финишот на мечот од 16-то коло во унгарското ракоментно првенство за жени, каде домашниот клуб Вац, со двата гола на голманката Аренхарт, стигна до победа над Шиофок.
Екипата на Шиофок, во последните 30 секунди на натпреварот водела со еден разлика (23-24), но ризичната игра без голман и двете грешки во нападот, на фантастичен начин ги казнила голманката на Вац, Барбара Аренхарт.
Вакво нешто не се случува често на терените.
Победата на Ваци над Шиофок од 25-24 уште долго ќе се раскажува во Унгарија.
На петнаесет секунди до крајот, тренерот на Шиофок побара тајмаут и реши и во последниот напад да игра без голман. Имаше четири секунди до крајот, Пенезиќ сакаше да биде јунак и брзо шутна, но право во рацете на Аренхарт. Таа имаше време да фати залет и со прецизен шут да ја затресе мрежата на празниот гол на спротивната страна за голема радост.
Погледнете го ова чудо во режија на бразилската голманка ОВДЕ.