Скопјанката Христина со нејзиниот дечко кои живеат од пред извесно време во Флорида-САД се обратија до нас со сведоштво за силата и невремето кое со себе го донесе ураганот Сали на Флорида.
– Врнеше 36 часа без прекин непосредно пред да почне бурата. Најпрвин во доцните вечерни часови дождот се појача и почна да дува силен ветер, како одминуваа минитите и часовите ветерот стануваше појак и појак. Седев со уплашена во единствената просторија во домот која нема прозорци – оставата.
Во еден момент, мојот дечко реши да отвори и да провери што се случува во дворот – имаше и што да видиме: дворот ни беше поплавен. Бев вознемирена и неспиев цела ноќ. Поради стресот и непроспиената ноќ, изедовме се благо што имавме по дома – вели таа.
– Навистина беше напорно да се издржи да се слуша како ветрот цела ноќ буквално свири од силина и брзина, а истовреме знаеш дека пола град нема струја. Со дел од пријателите и блиските неможеш да стапиш во контакт и незнаеш дали се поплавени и се е некако неизвесно. Можам да кажам дека сум среќна што мојот дечко беше поприсебен и не дозволи да не понесе стравот и да не фати паника – раскажува Христина.
Ураганот сеуште не е поминат и оваа порака ја пишуваме речиси во живо иако изгледа како конечно ураганот да почнува да ја губи својата сила и дека најлошото веќе помина. Доколку времето дозволи ќе ви испратиме и слики од тоа што значи да помине ураган во местото каде престојуваш.