Валери Димовска се огласи по дисквалификацијата во „Ѕвездите на Гранд“

|

Македонската учесничка во „Ѕвездите на Гранд“, Валери Димовска беше дисквалификувана од музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Имено, како што пишуваа српските медиуми, Валери била дисквалификувана бидејќи не се појавила на снимање на музичкото шоу затоа што била болна односно позитивна.

По тој повод, се огласи и македонската кандидатка. Имено, во кусите приказни на „Инстаграм“ таа истакна дека третпат се заразила и не можеле да ја префрлат во 4 круг бидејќи тоа немало да биде фер кон другите кандидати.

Таа истакна дека ќе се пријави и следната година.