ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје на својата официјална страна споделија фотографии од ситуацијата со која се соочија во Градскиот парк.
Изминатиот сончев викенд ја зголеми посетеноста во Градскиот парк што придонесе нашите екипи да соберат еден полн камион со отпадоци кои посетителите ги оставија зад себе, пишуваат од ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје.
Како ова да не беше доволно, утрово наидовме на три фрлени клупи во езерцето во Првиот дел на паркот по што веднаш ги извадивме , додека во Вториот дел затекнавме превртена мобилна тоалетна кабина, додаваат во објавата од претпријатието
.
ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје упатува апел до сите граѓани да не фрлаат ѓубре и совесно да ги користат и чуваат парковските елементи при посета на парковите и да се грижат за природата која е од огромно значење за сите нас.
Целосната објава можете да ја видите со клик ТУКА.