Вартоломеј: Овој настан е доказ за големината на дарот на Мајката црква кон вашиот народ, но и за одговорноста која ја понесувате, влегувајќи од денес во сеправославниот свет

ИЗВОРТелма
|

На крајот од денешната заедничката литургија меѓу Вселенскиот патријарх Вартоломеј и Архиепископот г.г. Стефан во Фанар, Истанбул, патријархот одржа своја беседа на грчки јазик.

ВЕРУВАМЕ ДЕКА ОВОЈ НАСТАН ЗНАЧИ ПОТПОЛНО РАЗБИРАЊЕ ОД ВАША СТРАНА ЗА ГОЛЕМИНАТА НА ДАРОТ НА МАЈКАТА ЦРКВА КОН ВАШИОТ НАРОД, НО И ЗА ОДГОВОРНОСТА КОЈА ЈА ПОНЕСУВАТЕ, ВЛЕГУВАЈЌИ ОД ДЕНЕС ВО СЕПРАВОСЛАВНИОТ СВЕТ. ОГНООСВЕТЛЕНИ ОД БЛАГОДАТТА НА УТЕШИТЕЛОТ, ГО МОЛИМЕ, ГО УМОЛУВАМЕ И ПРОСИМЕ ОД ЖИВОТВОРНИОТ СВЕТ ДУХ, ОБНОВИТЕЛНИОТ И СЕСИЛНИОТ, СЛАТКИОТ И КОЈ ГИ ЛЕКУВА РАНИТЕ, КОЈ ГИ НАДОПОЛНУВА ЧОВЕЧКИТЕ НЕДОСТАТОЦИ, КОЈ ГИ ИСПИТУВА НАШИТЕ СРЦА – ДА ВЕ УТВРДИ ВО ВИСТИНАТА, ДА ВЕ УМНОЖИ ВО ВЕРАТА, ДА ВЕ УМУДРУВА ВО БОРБАТА ЗА ЦРКВАТА, ТА И НИЕ, ВАШИОТ ЗАЕДНИЧКИ ОТЕЦ И ЗАСТАПНИК, ПРВИОТ И ПОСЛЕДНИОТ ПОМЕЃУ ЕПИСКОПИТЕ НА ИСТОЧНАТА СВЕТА ХРИСТОВА ЦРКВА, ДА МОЖЕМЕ ДУХОВНО ДА СЕ РАДУВАМЕ ЗА ВАС И ЗА ВАШИТЕ ДЕЛА; ТА ВО НИВ ДА СЕ ПРОСЛАВИ СЕЧЕСНОТО И ВЕЛИКОЛЕПНО ИМЕ НА ОТЕЦОТ И СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ, ПОСТОЈАНО, СЕГА И СЕКОГАШ И ВО ВЕЧНИ ВЕКОВИ.