Вашингтон Пост“ и „Ројтерс“ меѓу добитниците на Пулицерова награда

ИЗВОРТелма
|

„Вашингтон пост“ доби Пулицерова награда за известување од јавен интерес за опсадата на американскиот Капитол, додека Ројтерс победи во категоријата фото-репортажа за известување во Индија.

Според неа, овогодишната награда за известување од јавен интерес е доделена на „Вашингтон пост“ за убедливо раскажан и сликовито прикажан приказ на Вашингтон на 6 јануари 2021 година.

„Њујорк тајмс“ освои три Пулицерови награди за известување, додека неговата репортерка Андреа Елиот освои Пулицерова награда во општа нефикција категорија за нејзината книга „Невидливо дете: сиромаштија, преживување и надеж во американскиот град“, која ја почна со серија написи во 2013 објавени од весникот.

Пулицеровите награди ги доделува Универзитетот Колумбија од Њујорк, а секој добитник добива диплома и награда од 10.000 американски долари.

Првата Пулицерова награда е доделена на 4 јуни 1917 година и оттогаш традиционално се доделува секој април.

Победниците ги избира независна комисија.