Изминатиот период македонските медиуми беа преплавени со веста дека Васил Гарванлиев се верил во САД.
Со неговиот избраник, си се допаднале од прв поглед, а неговото срце го освоил со едноставноста, но и анонимноста. Свадбата ќе биде наскоро, а во јуни ќе дојдат во Македонија, за семејството да се запознае со зетот, објавува Бекстејџ.
Овој ТВ естраден магазин го побарал Гарванлиев за да ги дознаат информации од прва рака. Директно од Америка, Васил Гарванлиев со искрена исповед во магазинот зад сцената.
Тој лани се натпреваруваше на Евросонг и се пласира на претпоследното место во полуфиналето со скромни 23 поени (11 од телевоутинг и 12 од жири).
Што се Васил кажа, погледнете во видеото: