Вашиот дом ќе процвета и во зима – трик со кој собните билки ќе бидат секогаш свежи и убави

|

Ниските температури надвор, а греењето во домот, како и недостатокот од светлина во текот на зимата, не се баш погодни услови за вашите домашни саксиски цвеќиња, поради што неретко дел од нив дури и потполно се сушат и треба да ги фрлите.

Доколку ова ви се случува и на вас, не очајувајте, има начин како никогаш повеќе да не ви се случи билките бавно да растат, ниту пак да се исушат. Во продолжение ви претставуваме проверен трик кој ќе помогне вашите цвеќиња и билки успешно да напредуваат во домот, дури и во најлоши услови.

Имено, потребна ви е пелена за бебења која ќе ја натопите со вода, а потоа ќе ја скинете за собиениот гел да го ставите во саксија. Во саксијата додадете малку земја и сето тоа измешајте го. Смесата ставете ја во саксија во која ќе ја пресадите билката.

Благодарејќи на овој трик цвеќето секогаш ќе ја има потребната влага, а подетално целата постапка можете да ја погледнете во видеото во продолжение: