Важна информација за сите кои одат на Водно

|

Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, Жичарницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците

Жичницата која превезува патници привремено нема да работи поради силниот ветер, информираат од ЈСП „Скопје“.

-Ве информираме дека Жичарницата од утринава, времено не е во функција поради силниот ветер. Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно.

Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, Жичарницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците – ја информираат јавноста од ова јавно сообраќајно претпријатие.