Важнa вест за граѓаните: УЈП со последен апел

ИЗВОРСкопје24
|

Рокот за проверка на пресметката за годишната даночна пријава за УЈП полека истекува. Проверете ја и потврдете ја сметката или пак корегирајте ја ако има потреба за тоа.

Годинава, за прв пат поднесувањето на пријавите оди електронски. Даночните пријави можете да ги погледнете на ОВОЈ ЛИНК.

Ќе се отвори прозорец во кој треба да ги внесете податоците (корисничко име и лозинка) коишто ги употребивте при регистрација на профилот.

По истекот на рокот, пријавите ќе добијат статус на конечни даночни пријави.

Управата за јавни приходи попладнево соопшти дека ќе им овозможи на граѓаните да ја потврдат или корегираат претпополнетата годишна даночна пријава и во текот на викендов.

-Ова од причина што крајниот рок за добивање на статус на конечни даночни пријави е во неработен ден, согласно на што на 03.06.2019 (понеделник). Годишните даночни пријави ќе добијат статус на конечни даночни пријави според последниот статус на Годишната даночна пријава – потврдена или коригирана.

Пријавите коишто од страна на граѓаните не се ниту потврдени или коригирани ќе бидат службено потврдени, наведува УЈП во соопштението.