Важни информации за сите на кои им е потребно вадење на нови лични карти и пасоши

|

Граѓаните кои живеат на територијата на Град Скопје, согласно констатираната состојба на зголемено аплицирање за лични документи, имајќи го во предвид фактот дека следува и период на годишни одмори, воведува ново работно време во седиштето на Одделението за управни работи во Скопје како и во неколку дисперзирани канцеларии на ниво на Град Скопје со цел да им овозможи на граѓаните навремен и ефикасен пристап до правото да поднесат барање за издавање на лични документи, соопшти МВР.

– За таа цел започнувајќи од утре, 28.05, секој работен ден од понеделник до петок , работното време во седиштето на Одделението за управни работи Скопје во МТВ како и дисперзираните канцеларии во ,,Беко,, и ,,Ѓорче Петров,, ќе биде со почеток од 7.30 часот до 20 часот, додека во дисперзираните канцеларии за управни работи во ,,Бутел,, и ,,Драчево,, работното време од понеделник до петок ќе биде од 10 до 18 часот.