Важно соопштение за сите корисници на услугите на Комерцијална Банка

ИЗВОРСкопје24
|

Корисниците на платежни картички од Комерцијална банка може да ги користат на сите банкомати на Банката и да плаќаат во трговијата.

– Од утрово дел од сервисите веќе се активирани, така што со картичките издадени од Банката може да вршите трансакции на сите банкомати на Банката и во трговија во земјата и во странство, соопштуваат од Комерцијална банка и додаваат дека активностите поврзани со функционирањето на останатите сервиси се во тек за што дополнително ќе информираат.

Од Банката претходно соопштија дека поради технички проблеми од вчера попладне картичките не можеа да се користат на банкоматите и во трговијата.

Ако на банкомат го забележите ова, НИ СЛУЧАЈНО не ставајте ја картичката и не подигајте пари!

Криминалците се сѐ покреативни, а за да ги заштитите вашите работи, потребно е да поведете сметка за неколку ситници со кои може да спречите кражба.

До вашите податоци, криминалците доаѓаат на многу начини.

Таблата за куцање на банкоматот се користи за запишување на ПИН лозинката. „Лажната“ тастатури ја памети вашата лозинка.

Обрнете внимание на овие работи: Пукнатини и гребатинки кои укажуваат дека банкоматот е оштетен; нешто што е чудно и невообичаено; различни облици или бои на банкоматот или делчиња кај отворот за картичката.